УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Надополнување на ваучери/картички онлајн-системот на drugastrana.mk го врши Друга Страна Дооел Скопје.

1. На онлајн-системот на drugastrana.mk се врши продажба на билети за настани како и проверка на салдо и надополнување на средства на ваучери/картички кои се во организација на Друга Страна дооел Скопје или други правни и физички лица во Република Северна Македонија.

2. За секоја извршена услуга преку овој систем, купувачот на својата е-адреса (e-mail), која е впишана при вршење на купувањето/надополнувањето, добива електронски билети, што е единствениот доказ за целосно и правилно завршување на купувањето.


За ваучер/картички:

1. Купувачот кој е сопственик на ваучер/картичка вредноста на картичката може да ја искористи само за време на траење на конкретниот настан.

2. За средствата кои ќе останат како неискористено салдо на картичката, по официјалното завршување на настанот не се врши поврат на тие средства. Вредноста на ваучерот/картичката се сведува на 0 (нула)

3. Платежни картички преку кои може да се изврши плаќањето на билетите е овозможено преку картичките VISA, Maestro, Mastercard.

4. Податоците што купувачот ги внесува при купувањето на нарачката, Друга Страна Дооел Скопје не ги чува во својот онлајн систем и истите се предмет на обработка само од центарот за процесирање на информации за електронски плаќања.


За електронски билети:

1. Електронскиот билет содржи листа на производи/билети на нарачката или износ на надополнети средства на ваучерот/картичката. Секој од тие производи има свој уникатен и единствен сериски број и баркод.

2. Еден билет важи за едно лице.

3. Купувачот како доказ за поседување електронски билет потребно е на влезот да го приложи билетот за конкретниот настан. Истото може да го направи преку приложување отпечатен примерок од билетот или преку дирекно евидентирање од самиот мобилен уред преку кој може да го покаже баркодот од тој билет.

4. Доколку купувачот го отстапи својот билет (во печатена форма или преку препраќање на билетот на друго лице) за единствено важечки ќе се смета оној билет што прв ќе биде евидентиран и регистриран преку системот за контрола и евиденција на влезот на салата каде што се одржува настанот.

5. Откако еднаш единечниот билет ќе биде регистриран на влезот, секој следен билет со ист сериски број (копија од е-билетот) се регистрира како неважечки, ќе биде третиран како злоупотреба и нема да му биде дозволен влез на лицето во салата на одржување на настанот. Секојa злоупотреба е казнива по закон.

6. Друга страна го задржува правото за откажување и измени програмата доколку истата е во организација на Друга Страна.

7. Друга Страна не врши поврат на средства или замена за друг производ/билет доколку истиот тој билет не е реализиран и евидентиран пред официјалниот почеток на настанот објавен од страна на организаторот.

8. Доколку купувачот задоцни и го приложи билетот по официјалниот термин објавен за почеток на настанот и настанот е веќе започнат, организаторот може да не дозволи влез на тоа лице во салата на одржување на настанот. Исто така, при секое доцнење, дури и да биде дозволен влез во салата, на лицето не му се гарантира дека билетот што е нумериран со место за седење (блок, ред и место) е сѐ уште слободно и истото може да биде веќе пополнето од друг посетител.

9. Доколку некој настан е откажан од страна на организаторот или истиот е преместен во друг термин, за секој билет купен преку билет-сервисот на Друга Страна, купувачот може да побара поврат на средствата. Повратот ќе биде вршен исклучиво преку електронско банкарство, директно на сметката на купувачот, со претходно приложување доказ за купување (отпечатен билет, број на нарачка за потврда на трансакцијата).

10. Доколку некој настан е преместен во друг термин и за таа промена организаторот ја известил јавноста преку своите канали за информирање, купувачот може да го прифати заменскиот билет, или истиот да го откаже и да добие поврат на уплатените средства.

11. За секакви проблеми и прашања поврзани со онлајн-продажбата преку нашиот сервис drugastrana.mk, ве молиме пишете ни на info@drugastrana.mk. Нашите служби ќе се обидат да ви го дадат правиот одговор во разумно време.